Никогаш доволно тестенини! Едноставни, популарни и со мноштво можности за комбинации, оваа позната храна често се наоѓа на трпезите во кое било време од годината.
Состојки:
- 500 грама тестенини по ваш избор
- 300 грама свеж спанаќ
- 2 лажици путер
- 2 лажици брашно
- 500 мл млеко
- 1 пилешка коцка за супа
- 40 грама рендан пармезан
- сол и мелен црн бибер
- лук во прав
- неутрална павлака по желба
- маслиново масло
Подготовка:
Сварете ги тестенините. Исчистете го, измијте го и исецкајте го спанаќот. Пржете го спанаќот во загреано маслиново масло во тавче додека не омекне. Додадете сол, бибер и лук во прав. Во посебен сад, пропржете го брашното во загреан путер, додадете го млекото мешајќи со жица, додадете ја коцката за супа, намалете ја температурата и гответе неколку минути додека сосот не се згусне. Додадете пармезан, павлака, малку лук во прав и проверете го вкусот, додадете сол доколку е потребно. Измешајте ги сварените и процедени тестенини во спанаќот, прелијте ги со бешамел сосот, промешајте и послужете веднаш.
Фото:Фрипик