• сабота, 21 февруари 2026

Конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ во организација на Владата и УНДП

Конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ во организација на Владата и УНДП

Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Годишната конференција на тема „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Владата, Организацијата за развој на Обединетите нации - УНДП, Меѓународната организација на трудот - МОТ и Економскиот факултет - Скопје. 

На отворањето на конференцијата ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, деканот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Мијалче Санта, националниот координатор на Меѓународната организација на трудот за Северна Македонија, Емил Крстановски, и постојаниот претставник на УНДП во земјата, Армен Григоријан.

Во рамките на конференцијата ќе биде потпишана декларација за партнерство и акција „Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Северна Македонија“.

По потпишувањето на декларацијата, предвидени се изјави за медиумите. нд/лв/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан