• петок, 15 мај 2026

Комисијата за заразни болести: Низок ризик од појава и ширење хантавирус во државата, континуирано се следи состојбата во светски рамки

Комисијата за заразни болести: Низок ризик од појава и ширење хантавирус во државата, континуирано се следи состојбата во светски рамки

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер на хантавирус - варијанта андес во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата - соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус.

- Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус - варијанта андес, односно има соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка - се наведува во соопштението.

Комисијата додава дека варијантата андес, за разлика од другите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но важно е, се нагласиува, дека преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции - стои во соопштението од Министерството. рп/вг/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан