• петок, 15 мај 2026

КМФ Проект ја освои двојната круна во футсал сезоната

КМФ Проект ја освои двојната круна во футсал сезоната

Скопје, 11.мај 2026 (МИА) – Екипата на КМФ Проект од Јосифово ја освои двојната круна во годинешната сезона во футсал. По победата во финалето од Купот на Македонија, КМФ Проект славеше и во првенството.

Составот од Јосифово беше супериорен во националниот шампионат на крајот мина прв низ целта со 21 бод повеќе во однос на КМФ Кеги Моби од Велес кој беше противник во решавачкиот натпревар за освојување на трофејот во Купот.

За КМФ Проект ова е втора титула во првенството откако претходно славеше во 2021 година.

Првата ја напуштаат КМФ Балкан 2017 и КМФ Мал Ајакс додека од следната сезона во Првата лига ќе партиципираат КМФ Железарец и КМФ СЕЕ Универзитет. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан