Кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојен го посети Македонскиот олимписки комитет
- Во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК), на покана на претседателот Даниел Димевски, се одржа официјална работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојен.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК), на покана на претседателот Даниел Димевски, се одржа официјална работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојен.
-На средбата, на која присуствуваше и стручниот тим на МОК, се разговараше за актуелните состојби и идниот развој на спортот, како и за отворањето на нови можности за соработка помеѓу двете пријателски земји во повеќе полиња поврзани со спортот и олимпизмот.
Во фокусот на разговорите беше ставена меѓусебната поддршка, размената на позитивни практики и искуства, како и можностите за заеднички проекти кои ќе придонесат за унапредување на спортските вредности. Двете страни се согласија дека спортот е универзален јазик кој ги поврзува народите и дека постои огромен потенцијал за продлабочување на билатералната спортска соработка, соопштија од МОК.
Претседателот на МОК изрази огромно задоволство од посетата, истакнувајќи ја важноста на градењето силни партнерства со земји кои се глобални спортски велесили, каква што е НР Кина.
Од своја страна, амбасадорката Сјаојен се заблагодари за срдечното гостопримство и ја потврди отвореноста за континуирана поддршка и заеднички вложувања во развојот на спортскиот дух. зс/
Фото: МОК