Кина воведе санкции против американски поединци и одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван
- Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата вовела санкции против 10 поединци и 20 американски одбранбени компании, вклучувајќи ја и филијалата на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури, поради продажба на оружје на Тајван.
Пекинг, 26 декември 2025 (МИА) – Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата вовела санкции против 10 поединци и 20 американски одбранбени компании, вклучувајќи ја и филијалата на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури, поради продажба на оружје на Тајван.
Мерките ги замрзнуваат сите средства што компаниите и поединците ги поседуваат во Кина и им забрануваат на локалните организации и луѓе да соработуваат со нив, соопшти министерството.
На лицата на списокот со санкции им е забранет и влез во Кина. јт/
Фото: МИА архива