Кац: Израелската армија ќе го окупира јужен Либан
- Израелската армија ќе го окупира јужен Либан до реката Литани, изјави денеска министерот за одбрана Израел Кац, јасно изразувајќи ја намерата на Израел за заземање на делови од либанска територија
Тел Авив, 24 март 2026 (МИА) – Израелската армија ќе го окупира јужен Либан до реката Литани, изјави денеска министерот за одбрана Израел Кац, јасно изразувајќи ја намерата на Израел за заземање на делови од либанска територија.
Тој посочи дека израелската армија ќе ги контролира преостанатите мостови и безбедносната зона до Литани.
Израелската армија од 13 март уништи пет мостови на реката Литани и го забрза уривањето на куќи во либанските села што се наоѓаат во близина на израелската граница.
Кац истакна дека израелските војници во јужен Либан маневрираат за да воспостават „предна одбранбена линија“, да ја уништат инфраструктурата на Хезболах, вклучително и куќите што функционираат како „терористички пунктови“.
И израелскиот министер за финансии Базел Смотрич вчера изјави дека Израел треба да го анектира јужен Либан до ректата Литани. ми/сд/
фото: ЕПА