Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ја погоди Индонезија
- Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа регионот Суматра во Индонезија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Џакарта, 19 април 2026 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа регионот Суматра во Индонезија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 18 километри. Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.
Индонезија се наоѓа во таканаречениот Тихоокеанскиот огнен прстен - најсеизмичкиот регион на Земјата, каде често има земјотреси и вулканите еруптираат. рп/
Фото: МИА архива