Иран тврди дека погодил американски нафтен танкер во близина на Кувајт
- Вооружените сили на Иран соопштија дека нападнале нафтен танкер во близина на брегот на Кувајт. Пловилото, опишано како „во сопственост на САД“, било погодено и се запалило, јави државното радио, повикувајќи се на централната команда.
Техеран, 6 март 2026 (МИА) – Вооружените сили на Иран соопштија дека нападнале нафтен танкер во близина на брегот на Кувајт.
Пловилото, опишано како „во сопственост на САД“, било погодено и се запалило, јави државното радио, повикувајќи се на централната команда.
Според истиот извор, повторно биле извршени напади со напредни ракети врз цели во Израел и врз позиции на САД во државите од Персискиот Залив.
Меѓу употребеното оружје била и ракетата Khorramshahr-4, која носи боева глава тешка околу две тони, се наведува во извештајот. ссм/
фото: архива