• понеделник, 20 април 2026

Иран соопшти дека 3.375 лица се убиени во израелско-американските бомбардирања

Иран соопшти дека 3.375 лица се убиени во израелско-американските бомбардирања

Техеран, 20 април 2026 (МИА) - Најмалку 3.375 луѓе се убиени во израелските и американските бомбардирања во Иран, според официјалните податоци објавени од шефот на форензичката служба на земјата.

Абас Масџеди Арани, шеф на иранската организација за форензичка медицина, изјави дека оваа бројка претставува потврдени смртни случаи, јави денеска новинскиот портал „Џамаран“.

Според шефот на Организацијата за легална медицина, меѓу загинатите има 496 жени и 383 деца и малолетници. Најголем број жртви се регистрирани во главниот град Техеран, како и во Исфахан и крајбрежната провинција Хормозган.

Активистите уште пред неколку недели пријавија повеќе од 3.000 смртни случаи врз основа на нивните сопствени пребројувања, пренесе ДПА.

Групата за човекови права „Хенгав“, со седиште во Норвешка, неодамна соопшти дека најмалку 7.650 луѓе биле убиени, вклучително и 1.030 цивили, откако почнаа воздушните напади врз Иран на 28 февруари. Двонеделен прекин на огнот е во сила од 8 април.

Бројките за жртвите не можат да бидат независно проверени. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан