Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
- Иран продолжи со нападите врз соседните земји од Персискиот Залив, при што Саудиска Арабија пријави повторени лансирања балистички ракети во текот на ноќта, од кои сите беа пресретнати и уништени од воздушната одбрана, соопшти Министерството за одбрана на Кралството рано утрово.
Каиро, 31 март 2026 (МИА) - Иран продолжи со нападите врз соседните земји од Персискиот Залив, при што Саудиска Арабија пријави повторени лансирања на балистички ракети во текот на ноќта, од кои сите беа пресретнати и уништени од воздушната одбрана - соопшти Министерството за одбрана на Кралството рано утрово.
Порано, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во објава на X изјави дека Иран ја смета Саудиска Арабија за „братска нација“, но рече дека е „крајно време“ Ријад да ги протера американските сили од земјата.
Кувајт исто така пријави напади со ракети и беспилотни летала, а сирените се огласија во текот на ноќта во Бахреин, соопшти Министерството за внатрешни работи на X. Во Дубаи остатоци од пресретнување воздушна одбрана погодија празна зграда предизвикувајќи пожар и лесно повредувајќи четири лица во близина, соопштија властите.
И покрај повеќе од четири недели американски и израелски напади, Иран останува способен за контранапади, насочени кон земјите во Заливот, кои се домаќини на американски воени бази. мс/јт/
фото: Архива