• вторник, 13 јануари 2026

Изјава на Арбен Таравари (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на Арбен Таравари (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) – Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците кое на овие повторни избори за градоначалник на општина Гостивар е во коалиција со ДУИ очекува мирни избори. 

-Да оставиме граѓаните зборуваат до 19 часот. Јас се надевам дека новата екипа која ќе биде избрана е таа што ќе раководи со општина Гостивар. За жал, иако претходно Ваљбон Лимани доби најмногу гласови, за 21 еден глас не успеа. Тој доби најмногу гласови на ниво на држава во првиот круг од сите кандидати, освен од Орце Георгиевски, но тоа се правилата на демократијата. Се надевам дека крајот од денот граѓаниниот ќе реши кој ќе раководи со општината, рече Таравари.

Таравари оцени дека изборите денес се одвиваат нормално, иако како што потенцира, снегот малку го отежнал гласањето на некои места и биле потребни дополнителни подготовки за чистење и затоплување. згм/дма/

Фото:МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан