Израелската армија со предупредување до Либанците да не се враќаат во јужните делови од земјата
- Хезболах ги продолжува своите терористички активности за време на прекинот на огнот кршејќи го договорот. Затоа израелските сили остануваат распоредени во одбранбената зона, објави на арапски јазик на „Икс“ портпаролот на израелската армија, полковник Авихаи Адраех
Ерусалим, 20 април 2026 (МИА) - Израелската армија денеска ги предупреди Либанците да не се враќаат во десетици села во јужниот дел на земјата бидејќи Хезболах продолжува да го крши договорот за прекин на огнот.
На 17 април стапи во сила прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах, а илјадници раселени лица почнаа да се враќаат во своите домови.
- Хезболах ги продолжува своите терористички активности за време на прекинот на огнот кршејќи го договорот. Затоа израелските сили остануваат распоредени во одбранбената зона,- објави на арапски јазик на „Икс“ портпаролот на израелската армија, полковник Авихаи Адраех.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вчера изјави дека на армијата ѝ е наредено да ги употреби „сите свои сили“ против каква било закана во Либан, вклучително и за време на примирјето. ми/мс/
фото: МИА архива