• петок, 20 март 2026

Израел тврди дека го убил иранскиот министер за разузнавање

Израел тврди дека го убил иранскиот министер за разузнавање

Тел Авив, 18 март 2026 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, е убиен во израелски воздушен напад во Техеран во текот на ноќта додавајќи дека денеска се очекуваат „значајни изненадувања“.

- На овој ден се очекуваат значајни изненадувања на сите полиња што ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан - изјави тој за време на безбедносната проценка, според неговиот кабинет.

- Интензитетот на нападите во Иран се зголемува. Иранскиот министер за разузнавање Хатиб исто така беше елиминиран во текот на ноќта - рекол тој.

Според Кац, тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху „ги овластиле Израелските одбранбени сили да ја елиминираат секоја висока иранска личност... без потреба од дополнително одобрение“, пренесе „Тајмс оф Израел“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан