• понеделник, 23 март 2026

Израел повторно го отвори контролниот пункт „Керем Шалом“ за хуманитарна помош за Газа

Израел повторно го отвори контролниот пункт „Керем Шалом“ за хуманитарна помош за Газа

Teл Авив, 3 март 2026 (МИА) - Израел денеска повторно го отвори контролниот пункт „Керем Шалом“ на границата со Појасот Газа за испорака на хуманитарна помош, кој беше затворен на почетокот на нападите врз Иран, објави ДПА.

Портпаролот на израелското Министерство за одбрана, кое е одговорно за цивилната администрација на палестинските територии, го потврди отворањето на „Керем Шалом“.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја опиша одлуката како привремена, со оглед на неизвесноста дали милитантните групи поврзани со Иран во Газа ќе интервенираат.

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека „механизмот усвоен за моменталната безбедносна ситуација“ е развиен за да овозможи непречено работење на „Керем Шалом“.

Се уште не се дадени дополнителни детали и не е јасно колку хуманитарна помош влегла во Газа во текот на денот. рп/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан