Изместување на коритото на Црна Река, загрозен локалниот пат кон село Трстеник
- Локалниот пат кон росоманското село Трстеник е загрозен поради изместување на коритото на Црна Река, информираше денеска градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски.
Росоман, 23 декември 2025 (МИА) - Локалниот пат кон росоманското село Трстеник е загрозен поради изместување на коритото на Црна Река, информираше денеска градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски.
Во изјава за МИА, Крстевски посочи дека состојбата е сериозна и бара итна реакција од надлежните институции.

- Заедно со директорот на АД Водостопанство Тиквеш и директорот на ЈПКД Росоман, сме на терен на Црна Река, на патниот правец кон село Трстеник, каде што е забележано загрозување на локалниот пат, напиша Крстевски на Фејсбук.
Притоа додаде дека состојбата е евидентирана и веднаш ќе бидат известени Центарот за управување со кризи, АД Водостопанство и Министерството за животна средина, со цел навремено да се преземат мерки и да се спречи настанување на поголема штета. свд/дма/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Крстевски