Излезеноста во Центар Жупа се зголемува, но и понатаму пониска од онаа во октомври
- Се зголемува процентот на излезеност на гласачите на денешните повторени избори за градоначалник во Центар Жупа, но е пониска од изборите во октомври.
Дебар, 11 јануари 2026 (МИА) - Се зголемува процентот на излезеност на гласачите на денешните повторени избори за градоначалник во Центар Жупа, но е пониска од изборите во октомври.
-До 15 часот на гласање излегле 831 лице или 10,99 отсто, што е за 6,13 отсто помала излезност од изборите во октомври. Изборниот процес се одвива без проблеми, рече за МИА Неџип Илјаз, претседател на ОИК.
На изборите во октомври до 15 часот на гласање излегле 1293 граѓани или 17,12 отсто.
Во близина на сите 16 избирачки места, врз основа на законските одредби, има присуство на полициски службеници. вт/сст/
Фото: МИА