• понеделник, 19 јануари 2026

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Дебар, 27 декември 2025 (МИА) - Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“  авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик.

-Ваква разгледница посветена на областа Голо Брдо, за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 15 фотографии од селата во овој прекрасен крај, населен главно со Македонци. Покрај природните убавини со кои Бог ја дарувал  областа, има и многу културни историски споменици, кој секој би посакал повторно да ги види, рече за МИА, Ѓурѓај.

Претседателот на македонското друштво „Илинден

Додаде дека ова негово дело има значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.

-Засега разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија.

Првото издание на разгледницата е отпечатено со финансиска поддршка на семејството Ѓурѓај. 

Во областа Голо Брдо распослани се 22 села, од кои 18 се населени со Македонци, додека во останатите населението е со мешан состав.  вт/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан