Избори во Унгарија, МИА во Будимпешта: Поддржувачите на Маѓар почнаа да се собираат спроти парламентот
- Илјадници поддржувачи на унгарската опозициска партија Тиса почнаа да се собираат на плоштадот Батањи во Будимпешта, каде го очекуваат објавувањето на резултатите од парламентарните избори.
Будимпешта, 12 април 2026 (МИА)
Цветин ЧИЛИМАНОВ, специјален известувач за МИА од Будимпешта
Илјадници поддржувачи на унгарската опозициска партија Тиса почнаа да се собираат на плоштадот Батањи во Будимпешта, каде го очекуваат објавувањето на резултатите од парламентарните избори. Собирот се одржува на брегот на Дунав, спроти зградата на парламентот.
Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните резултати кои покажуваат предност на Тиса, особено на пропорционалната листа.

Поддржувачите на лидерот на Тиса Петар Маѓар се сконцентрирани главно во Будимпешта и во другите поголеми урбани центри и се очекува неговиот собир да го засени собирот на владејачката партија Фидес на Виктор Орбан.
Додека главниот собир на унгарската опозиција е во тек на плоштадот Батањи, од другата страна на Дубаи, на плоштадот Лајош Кошут пред унгарскиот парламент се собраа неколку илјади млади. Официјалната причина за собирот е техно концерт, но поради политичкиот момент, и овој собир се претвори во неформален митинг на опозициската партија Тиса.
Поддржувачите на опозицијата се движат меѓу двете локации, колку што тоа го дозволува преполната метро линија.

Поддржувачите на Орбан се собираат на другиот брег на Дунав, кај конференцискиот центар Бална. цч/паг/
Фото: МИА