ИДФ: Нападнато е седиштето на ИРГЦ во Бејрут
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека за време на бранот воздушни напади во јужните предградија на Бејрут извршени попладне, погодено е седиштето на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), како и неколку локации на Хезболах.
Тел Авив, 6 март 2026 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека за време на бранот воздушни напади во јужните предградија на Бејрут извршени попладне, погодено е седиштето на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), како и неколку локации на Хезболах.
Според ИДФ, седиштето им служело на воздухопловните сили на ИРГЦ, објавува „Тајмс оф Израел“.
Дополнително, израелската војска соопшти дека погодила три штабови на Хезболах - поморскиот команден центар, извршниот совет и финансиската служба на милитантната организација.
ИДФ вели дека овие штабови биле користени за планирање и извршување напади на Хезболах врз Израел. мс/
фото: Архива