ЗОИ 2026: Трето злато за Фон Алмен
- Швајцарскиот алпски скијач Фрањо фон Алмен победи на денешниот Супер-џи на Олимписките игри во Италија.
Бормио, 11 февруари 2026 (МИА) - Швајцарскиот алпски скијач Фрањо фон Алмен победи на денешниот Супер-џи на Олимписките игри во Италија.
Фон Алмен целта ја мина со време 1:25.32 минута, пред Рајан Кохран-Зигл (САД) кој заостана 13 стотинки и Марко Одермат (Швајцарија) кој беше побавен за 28 стотинки зад победникот.
За Фон Алмен ова е трето злато на Игрите во Милано и Кортина. Претходно швајцарскиот скијач победи во спустот и во комбинација.
На Олимписките игри 2026 до крајот на денешниот ден ќе бидат доделени уште пет комплети медали. зс/
Фото: ЕПА