• понеделник, 02 март 2026

ЗОИ 2026: Тежок пад на Линдзи Вон која со хеликоптер е транспортирана во болница

ЗОИ 2026: Тежок пад на Линдзи Вон која со хеликоптер е транспортирана во болница

Кортина, 8 февруари 2026 (МИА) - Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот на своето возење на денешната трка во спуст на Олимписките игри во Кортина.

Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато.

Американката дојде на Олимпијадата со повреди. Таа падна за време на натпреварувањето од Светскиот куп во Кран-Монтана (Швајцарија) на 31 јануари, што резултираше со скинат преден вкрстен лигамент, модринка на коската и скинат менискус на левата нога. 

За состојбата на Вон се чекаат официјални информации од организаторите на Олимпијадата во Италија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан