• петок, 20 февруари 2026

ЗОИ 2026: Натпреварите во сноубординг и акробатско скијање откажани поради снежни врнежи

ЗОИ 2026: Натпреварите во сноубординг и акробатско скијање откажани поради снежни врнежи

Кортина, 17 февруари 2026 (МИА) - Финалето во сноубординг во слоупстајл за жени на Олимписките игри во 2026 година е одложено поради снежни врнежи и слаба видливост на патеките.

Квалификациите за скијање слободен стил за мажи и жени исто така се одложени.

Вчеравечер поради обилни снежни врнежи беше откажана и последната серија од скијачки скокови мажи супер тим. 

Зимските олимписки игри во Италија се одржуваат од 6 до 22 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан