ЗОИ 2026: Италијанскиот тим во брзо лизгање на кратки патеки победник во мешаната штафета
- Италија го освои златниот медал во брзо лизгање на кратки патеки мешаната штафета на Олимписките игри во 2026 година.
Кортина, 10 февруари 2026 (МИА) – Италија го освои златниот медал во брзо лизгање на кратки патеки мешаната штафета на Олимписките игри во 2026 година.
Италија настапи во состав: Елиса Конфортола, Аријана Фонтана, Томас Надалини и Пјетро Зигел. Тие постигнаа време од 2 минути и 39,019 секунди.
Канадскиот тим заврши втор (2:39,258), а белгискиот тим трет (2:39,353).
Ова е првата олимписка победа на италијанскиот тим во мешаната штафета. Оваа дисциплина за прв пат беше воведена на Олимписките игри во 2022 година.
Во Б-финалето, Холандија постави нов олимписки рекорд во мешаната штафета, со време од 2:35,537. зс/
Фото. ЕПА