• понеделник, 20 април 2026

Значителниот напредок во реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ

Значителниот напредок во реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ

Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Првиот заменик-вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска на состанок со шефовите на мисии на земјите членки на ЕУ го презентира напредокот во спроведувањето на реформската агенда 2024 - 2027.

Како што посочуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања, од вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка, со што би се овозможило ослободување на 70-ина милиони евра финансиска поддршка.

Нагласуваат дека беше истакнат напредокот во клучните области, како управување со јавни финансии, енергетска транзиција, човечки капитал и деловна средина, кои придонесуваат за подобро управување и усогласување со ЕУ-стандардите. Истовремено, беше нагласено дека остануваат предизвици, особено во делот на сложените законски реформи и чекорите во рамките на грејс-периодот. Владата ја интензивира координацијата и соработката со Европската комисија.

- Реформската агенда значи конкретни резултати за граѓаните и зајакнување на довербата во институциите - истакнал вицепремиерот Сали.вј/са/

Фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан