• сабота, 11 април 2026

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска

Мајами, 22 март 2026 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа истакна дека украинската делегација имала средба со претставниците на САД и дека разговорите ќе продолжат денеска.

„Важно е за сите нас во светот дипломатијата да продолжи и да се обидеме да ја завршиме оваа војна - војната на Русија против Украина. На никој не му е потребна војна. Тимовите ќе продолжат да комуницираат утре“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесува Укринформ.

Според него, најважно е да се разбере колку е подготвена руската страна да оди до вистинскиот крај на војната и колку се подготвени да го сторат тоа чесно и со достоинство. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан