• петок, 13 март 2026

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Во четвртото тримесечје од 2025 година вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110.839 кубни метри и во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16,3 отсто, информира Државниот завод за статистика.

Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107.718 кубни метри и бележи зголемување од 11,9 проценти.

Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај рудничкото дрво, исто така и кај огревното дрво, кое има најголемо учество во вкупното зголемување.

Намалување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво, како и кај просторното. мч/дма/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан