• среда, 24 декември 2025

Зголемен е бројот на заболени дечиња во болницата во Куманово

Зголемен е бројот на заболени дечиња во болницата во Куманово

Куманово, 24 декември 2025 (МИА) - Во кумановската болница на детското одделение хоспитализирани се 35 дечиња, информираа денеска педијатрите од установата. Поголем дел се со температура, грип, компликации од респираторни вирози, бронхит и бронхопневмонии.

- Најмалото пациентче е доенче, три недели, две деца сè со потешка клиничка слика, едното е на кислородна терапија, другите се стабилни и се надевам дека пред празниците ќе си бидат во домовите, изјави началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска.

Во дневната болница се лекуваат 80 деца со полесна клиничка слика.

- Тука се и сограѓаните кои празниците ги поминуваат дома, а се на привремена работа во странство. Зголемен е обемот на работа особено во ноќните часови. Обично а се жалат и на стомачен вирус, температура, изјави д-р Арсовска.

Лекарите советуваат родителите да не ги носат заболените деца во градинка на училиште, по собири каде има масовно присуство. Храната треба да е богата со витамини, минерали и да е свежо подготвена.

- Доколку се настинати и болни со симптоми на настинка, грип, температури, кашлица да не посетуваат градинка, затоа што во моментот се актуелни респираторни инфекции, кои се преносливи по капков пат и најбрзо се шират во вакви колективи. Да не посетуваат кога се болни, да се задржуваат дома, да се стабилизира состојбата и здрави да посетат градинка, училиште, повика д-р Арсовска.

Одделението е добро екипирано и може да понуди здравствена нега за најмалите од општините од североистокот. ам/рп/

Фото: МИА

 

Остани поврзан