Започна акцијата за чистење на коритото на Вардар, информира градоначалникот Ѓорѓиевски
- Градот Скопје започна широка и координирана акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи. Според него, станува збор за активност која била неопходна со години и која има за цел да го подобри изгледот на најпрепознатливото природно обележје на главниот град.
Скопје, 15 март 2026 (МИА) - Градот Скопје започна широка и координирана акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи. Според него, станува збор за активност која била неопходна со години и која има за цел да го подобри изгледот на најпрепознатливото природно обележје на главниот град.
Акцијата опфаќа расчистување на коритото долж целото градско течение на реката, при што јавните претпријатија работат со механизација и рачно отстрануваат отпад, земјени наноси и пластика. Паралелно се уредуваат и пешачките и велосипедските патеки долж кејот.
Во пораката до јавноста, Ѓорѓиевски додаде дека тимот продолжува „уште посилно“ и дека активностите се дел од континуираната заложба за поуредено и почисто Скопје. бк/аа/
фото: принтскрин