• петок, 20 февруари 2026

Заменикот МНР како набљудувач ќе ја претставува Грција на Одборот за мир за Газа

Заменикот МНР како набљудувач ќе ја претставува Грција на Одборот за мир за Газа

Атина, 16 февруари 2026 (МИА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Грција Харис Теохарис, како набљудувач ќе ја претставува Грција на инаугуративната седница на Одборот за мир за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп што ќе се одржи в четврток во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина.

Информацијата ја објавија грчките медиуми, а ја потврди и заменикот МНР Јанис Ловердос говорејќи за телевизијата „Скај“, објаснувајќи дека Грција ќе биде во позиција набљудувач.

Според медиумите, Грција ќе биде набљудувач заедно со Италија и Кипар.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на редовниот брифинг со новинарите во четвртокот, како што објави МИА, посочи дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во следниот период ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати и Индија, а учествито на Одборот за мир не е во програмата 

Портпаролката на Министерството за надворешна работи на Грција Лана Зохиу во вторникот потсети дека на 16 јануари Грција беше поканета од американскиот претседател да учествува како членка-основач на Одборот за мир, но и дека како членка на Советот за безбедност „Грција се движи во рамките на Резолуцијата 2803 за која ја поддржа на гласањето“.

- Резолуцијата утврдува дека Одборот за мир претставува привремено тело чија цел е воспоставување мир исклучиво во Газа. Оттука, разликата што постои меѓу Статутот на Одборот за мир и Резолуцијата 2803 предизвика одредена резервираност, поради што Грција не го потпиша и не пристапи кон Статутот на Одборот за мир, рече Зохиу.

Дополнително посочи дека на крајот од минатата недела, земјата добила покана за учество на инаугуративната седница на 19 февруари во Вашингтон. ср/рп/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан