• петок, 20 февруари 2026

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ-обврзниците

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ-обврзниците

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ).

Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ.

Во истиот период, врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, Управата за јавни приходи извршила и прекинување на регистрацијата кај 231 обврзник за што се донесени исто толку решенија за дерегистрација.

Рокот за поднесување на пријавите беше до 15 јануари. бак/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан