• вторник, 07 април 2026

Завршена изградбата на улицата „Живко Чинго“ во Општина Свети Николе, се унапредува локалната патна инфраструктура

Завршена изградбата на улицата „Живко Чинго“ во Општина Свети Николе, се унапредува локалната патна инфраструктура

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Владата преку социјалните мрежи информира дека завршена е изградбата на улицата „Живко Чинго“, крак 1 во Општина Свети Николе.

Како што посочуваат, со ова се унапредува локалната патна инфраструктура и се подобрува сообраќајната поврзаност во овој дел од општината.

-Со новата улица се обезбедува побезбедно и поефикасно движење, уреден пристап до домовите и подобрено секојдневно функционирање на жителите, создавајќи современа и безбедна урбана средина. Проекти за трајна промена - темели за сигурна иднина, информираат од Владата. фф/вг/

Фото: Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан