• петок, 20 февруари 2026

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Библиотеката „Искра“ во Кочани промоција на двојазичната книга „Басни за деца“

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Библиотеката „Искра“ во Кочани промоција на двојазичната книга „Басни за деца“

Кочани, 18 февруари  2026  (МИА) - Во пресрет на 21 февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во четврток, 19 февруари во 12 часот, во соработка со Клубот на млади при ОО Црвен крст - Виница, во ЈОУ Библиотека „Искра“од Кочани, ќе се одржи промоција на двојазичната книга за деца на македонски и турски јазик ,,Басни за деца".

Книгата на интерактивен начин ќе биде претставена пред ученици од ООУ ,,Раде Кратовче" – Кочани, како и пред ученици од други училишта во градот.

Двојазичната книга на македонскиитурски јазик „Басни за деца“ е дел од интеркултурниот проект ,,Светулка" на ЦКА -ПХВ ОО Црвен крст Виница. ис/ац/

фото: плакат „Искра

 

Остани поврзан