Жител на Центар Жупа приведен за семејно насилство
- Тој во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетничката, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Дебар, 13 март 2026 (МИА) – Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Општина Центар Жупа поради семејно насилство.
-Вчера околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, во неговиот дом во село во општина Центар Жупа, од слобода го лишија Ј.Р.(48). Тој претходно, во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетната ќерка, нанесувајќи и повреди, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/
Фото: МИА