• недела, 19 април 2026

Едукативен караван на ЈП „Лајка“ - „Како да бидам одговорен сопстевеник на мојот миленик“

Едукативен караван на ЈП „Лајка“ - „Како да бидам одговорен сопстевеник на мојот миленик“

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - ЈП „Лајка“ почна едукативен караван за млади на тема „Како да бидам одговорен сопстевеник на мојот миленик“.

-Темата отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за хуман однос кон животните, одговорностите што ги носи сопствеништвото, значењето на стерилизација/кастрација, правилна грижа, вакцинација и идентификација, како и превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња, велат од ЈП „Лајка“.  

Првата станицана караванот била во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ - Скопје , каде претставници на ЈП „Лајка“ се дружеле и разговарале со учениците од 7 одделение .

-Со заеднички ангажман на нашиот тим и со значајна поддршка од Велика Миленковска , дефектолог од училиштето, успешно ја реализиравме првата од низата едукативни активности.  Веруваме дека највредната инвестиција што едно општество може да ја направи е вложувањето во младите генерации - затоа што токму тие, со развиена емпатија, знаење и чувство за одговорност, го менуваат светот на подобро. Едукацијата кај децата претставува клучна долгорочна мерка - темел врз кој се гради похумана, побезбедна и поодговорна заедница, се вели во соопштението од ЈП „Лајка“. 
 
Од јавното претпријатие велат дека продолжуваат со посветеност, стручен пристап и внимателно креирани едукативни материјали, прилагодени на возраста на учениците. Веруваат дека преку заедничка соработка создаваме свест што остава трајна вредност – за луѓето , за животните и за општеството во кое живееме. сст/дма/

Фото ЈП „Лајка“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан