ДУИ утре ќе одлучи дали ќе учествува на лидерската средба
- Демократрската унија за интеграција денеска одржала втора седница на претседателството на генералниот совет, свикана од претседателот на партијата, Али Ахмети, на која се дискутирало за актуелните политички случувања во земјата и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ.
Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Демократрската унија за интеграција денеска одржала втора седница на претседателството на генералниот совет, свикана од претседателот на партијата, Али Ахмети, на која се дискутирало за актуелните политички случувања во земјата и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ, се наведува во соопштението на ДУИ, кое МИА го пренесува интегрално:
Исто така, претседателството на генералниот совет разговараше и за состанокот на политичките лидери, при што беше одлучено прашањето за учество или неучество на овој состанок да се разгледа и да се донесе одлука утре, на редовната седница на генералниот совет.
На оваа седница претседателот Али Ахмети го информира претседателството и за реализираните именувања во рамките на третата пакет-листа на претседатели на разграноци на ДУИ, и тоа: Кичево - Арлинд Сејдини; Врапчиште - Евзал Арслани; Ресен - Арјан Муедини; Карпош - Хамза Јашари.
Демократската унија за интеграција останува посветена на зајакнувањето на партиските структури и на одговорното адресирање на политичките случувања во интерес на граѓаните и политичката стабилност на земјата.
Фото: МИА архива