ДУИ: „Вреди“ молчи, проектите се поништуваат, граѓаните губат
- Денес станува сè појасно дека со „Вреди“ на власт, не само што нема развој, туку се уриваат и проектите и достигнувањата градени со години. Секој неуспех се прикрива со слаби оправдувања, со фабрикувани изговори и со пропаганда која ги третира граѓаните како да не разбираат што се случува, се вели во соопштението на ДУИ од денешната партиска прес-конференција што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 31 март 2026
Денес станува сè појасно дека со „Вреди“ на власт, не само што нема развој, туку се уриваат и проектите и достигнувањата градени со години. Секој неуспех се прикрива со слаби оправдувања, со фабрикувани изговори и со пропаганда која ги третира граѓаните како да не разбираат што се случува, се вели во соопштението на ДУИ од денешната партиска прес-конференција што МИА го пренесува интегрално.
Откажувањето на делницата Требеништа – Ќафасан од Коридорот 8 е јасен доказ. Пред еден месец велеа дека шириме невистини, дека проектот не е загрозен и дека сè се одвива нормално. Денес вистината излезе на виделина: проектот не продолжува. Значи, тогаш лажеа, а денес се обидуваат да ја сокријат вистината.
Ова не е само откажување на еден пат. Ова е откажување на една развојна перспектива, на еден стратешки коридор и на еден значаен државен интерес.
Оправдувањето дека ова се прави поради УНЕСКО е слаб изговор за оние што бараат причини да не работат. Кога има политичка волја, се наоѓаат решенија. Кога нема волја, се наоѓаат изговори. Проблемот не е технички. Проблемот е политички и намерен.
И за ова, одговорноста директно паѓа врз ВРЕДИ.
Вреди е дел од владата. Вреди носи одговорност. Но за проекти што директно се поврзани со Албанија и Косово, не видовме ниту една реакција, ниту едно спротивставување, ниту јасен став.
Денес сме во една ситуација каде што еден проект се откажува,додека друг – оној Блаце–Скопје се сведува од автопат на експресен пат, додека Вреди молчи и се однесува како ништо да не се случува. Тие или молчат, или ги оправдуваат штетните одлуки, или се однесуваат како набљудувачи во владата во која самите се дел.
Ова не е политика.
Ова е политичка покорност.
Ова молчење не е неутрално.
Ова молчење е согласност.
А согласноста со одлуки што ги оштетуваат стратешките интереси на граѓаните е политичко предавство кон нивните гласачи.
Тие се во владата, но не одлучуваат.
Се на власт, но не зборуваат.
Земаат функции, но не преземаат одговорност. Не им се дозволува. Тие се само кукли.
Граѓаните треба јасно да знаат:
Секој запрен проект, секој намален проект и секоја изгубена можност за развој е одговорност на оваа влада и на ВРЕДИ како дел од неа.
Дојде време да престанат изговорите, да престане пропагандата и да се преземе одговорност.
И за сите овие одлуки, ќе има одговорност.
ДУИ
Фото: ДУИ