• петок, 20 февруари 2026

ДКСК ќе расправа за изборната кампања и за пријави од укажувачи

ДКСК ќе расправа за изборната кампања и за пријави од укажувачи

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 28. седница.

На дневен ред на седницата е усвојување на посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија 2025 година, како и избор на заменик-претседател на Државната комисија.

Членовите на Комисијата ќе постапуваат по предмети и по пријави од укажувачи. сст/дма/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан