• сабота, 21 февруари 2026

Дипломатијата заснована на правда и сила ќе биде поефикасна, изјави Зеленски пред новиот круг мировни преговори

Дипломатијата заснована на правда и сила ќе биде поефикасна, изјави Зеленски пред новиот круг мировни преговори

Женева, 17 февруари 2026 (МИА) - Пред почетокот на преговорите во Женева за прекин на војната во Украина украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дипломатијата ќе биде поефикасна кога ќе се темели на правда и сила.

„Силата на притисокот врз Руската Федерација - притисок од санкции и стабилна, брза поддршка за украинската армија и нашата воздушна одбрана“, напиша тој на социјалните мрежи.

Руските и украинските преговарачи веќе пристигнаа во Женева, каде што, со посредство на американска делегација, ќе одржат нов круг преговори за прекин на војната. рп/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан