• сабота, 19 септември 2026

Ден за разврска во групите на ракометниот турнир „Крсте Андоновски 2026“

Ден за разврска во групите на ракометниот турнир „Крсте Андоновски 2026“

Охрид, 21.август 2026 (МИА) – На ракометниот турнир „Крсте Андоновски“ денеска на програмата се дуелите од четвртиот ден, последен од групите. На два од трите дуели ќе се решава и која од екипите ќе биде првопласирана во групата и со тоа ќе се избори за саботното финале.

Во А групата домаќинот на турнирот Охрид ќе игра со првакот на Хрватска, Загреб со почеток во 21 часот.

Во Б групата од 18:45 часот е дуелот на правта позиција меѓу македонскиот првак Вардар и Тримо од Словенија, а во најавата на денешната програма од 16:30 часот е дуелот меѓу Нексе и Олимпијакос.

Утре на последниот ден од турнирот ќе се играат четири натпревари – сите за пласман, а финалето е закажано за 20 часот. мн/

Фото: Фејсбук Турнир Крсте Андоновски