Дебарското муфтинство им го честита почетокот на светиот месец Рамазан на муслиманските верници
- Муфтиството ги повикува верниците, во текот на овој месец да покажат солидарност со семејствата во неволја вклучувајќи ги во ифтарските вечери и зајакнувајќи го чувството за социјална помош и поддршка.
Дебар, 18 февруари 2026 (МИА) – Дебарското муфтиство по повод почетокот на светиот месец Рамазан, кој започнува утре, 19 февруари, на сите муслимански верници во Дебарско и пошироко им посака прифатен и блогословен пост.
-Почитувани верници! За многу години да ни е Светиот месец Рамазан, месец на трпение, молитва, великодушност и човечки вредности, време кога верниците се поканети да ги разбудат добрите чувства, да ја зајакнат надежта и да се посветат на молитвата, и колективно и индивидуално- стои во објавата.
Муфтиството ги повикува верниците, во текот на овој месец да покажат солидарност со семејствата во неволја вклучувајќи ги во ифтарските вечери и зајакнувајќи го чувството за социјална помош и поддршка.
-Постот и добрите дела на верниците да бидат прифатени, а Рамазан да донесе просперитет, мир и добрина во семејствата и општеството. Аллах нека ни ги прими молитвите и ибадетите, амин!-посакуваат од муфтиството.
Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше. Во над 50 џамии направени се сите потребни подготовки за обавување на верските обреди. вт/дма/
Фото: МИА