Дебарската ТППЕ лани ималa 114 интервенции, 67 од нив на отворен простор
- Дебарската територијална противпожарна единица минатата година евидентирала 114 интервенции, што е за седум повеќе од претходната, но причинетата материјална штета е помала.
Дебар, 12 февруари 2026 (МИА) - Дебарската територијална противпожарна единица минатата година евидентирала 114 интервенции, што е за седум повеќе од претходната, но причинетата материјална штета е помала.
- Од вкупниот број интервенции, 67 се на отворен простор, 24 на објекти, две интервенции при сообраќајни незгоди, останатите се технички интервенции. Поради брзата интервенција материјалната штета на објекти не е голема и таа е проценета на 137 илјади денари. Споредено со претходната година материјалната штета е помала за 46 илјади денари, изјави за МИА Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица.
Од почетокот на годинава до денеска, според него, регистрирани се 19 интервенции, главно на објекти поради запалени оџаци или пожари предизвикани од преоптоварени и дотраени електрични инсталации или нестручно приклучување на електричните уреди.

-Апелирам до граѓаните редовно да ги чистат оџаците и да ја проверат инсталацијата се со цел да не дојде до несакани последици. Сè додека трае грејната сезона, граѓаните неопходно е редовно да ги одржуваат оџаците и да вршат проверка на електричната инсталација, апелира Мифтароски.
Четиринаесетте дебарски пожарникари освен во општина Дебар, интервенираат и во општина Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Покрај тоа, од хуман аспект, во договор на локалните власти на Дебар и соседната албанска општина Пешкопеја, по потреба, тие помагаат и при интервенции и во албанските пограничните населени места. вт/мд/
Фото: МИА архива