• петок, 05 јуни 2026

Двојна круна за Баерн

Двојна круна за Баерн

Берлин, 24.мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на Баерн Минхен сезонава ја завршија со освоена дупла круна во Германија, откако синоќа во Берлин во финалето од Купот го совладаа Штутгарт со 3:0. Најдобар поединец на натпреварот беше англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој постигна хет – трик.

По првиот дел немаше голови, а Баерн поведе во 55.минута, а во финишот на натпреварот го постигна вториот гол. Во судиското надополнување на вториот дел Кејн го постигна и третиот гол откако го реализираше досудениот пенал.

За Баерн ова беше 21.иот трофеј во Купот на Германија. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан