• сабота, 14 март 2026

Градоначалникот Костадинов започна со посети на сите помали места во Чешиново – Облешево

Градоначалникот Костадинов започна со посети на сите помали места во Чешиново – Облешево

Кочани, 21 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево, Јорданчо Костадинов започна да ги посетува помалите населени места во Општината и да разговара со граѓаните. Најпрвин го посети селото Жиганци.

- Жиганци е едно од помалите места во општината, село со домаќини и одговорни луѓе што знаат со многу труд и работа да стигнат до успехот. И овде преземаме активни чекори за подобрување на квалитетот на живот, за решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно,  информира Костадинов.

Според она што тој го кажа пред мештаните од Жиганци, следува негов отчет како градоначалник за работењето во првите 100 дена откако ја презел функцијата. 

Тоа ќе биде направено на транспарентен начин и директно пред граѓаните, нагласи градоначалникот Костадинов.ис/

фото: Општина Чешиново - Облешево

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан