Герасимовски со Палминтери: Центар ги зајакнува соработката и размената на искуства со Италија за ефикасна локална самоуправа
- Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери.
16 февруари 2026
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери.
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Општина Центар и Република Италија, како и за можностите за нејзино понатамошно продлабочување во иднина преку реализација на заеднички иницијативи и проекти од заемен интерес.
„Општина Центар има одлична соработка со Република Италија, која сакаме дополнително да ја унапредиме и продлабочиме. Разговаравме за нови можности за соработка во повеќе области, со цел размена на искуства и имплементација на добри европски практики, кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните“, истакна градоначалникот Герасимовски.
Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка заложба за јакнење на партнерските односи и развој на соработката во наредниот период.
Општина Центар - Скопје