• среда, 15 април 2026

Гатузо: Ова е најважниот натпревар на мојата кариера

Гатузо: Ова е најважниот натпревар на мојата кариера

Бергамо, 26.март 2026 (МИА) – Фудбалерите на Италија вечерва ќе се обидат да ја прекинат непријатната традиција и да изборат учество на Мундијалот, откако претходните две Светски првенства ги пропуштија. На последниот Мундијал не настапија бидејќи во баражот во Палермо загубија од македонските фудбалери со 1:0.

Во полуфиналето од баражот Италија вечерва во Бергамо игра против Северна Ирска, а ако победи во финалето од баражот ќе игра против победникот од дуелот Велс – Босна и Херцеговина.

Секое утро се будам со глас „одведи не на Светско првенство, одведи не на Светско првенство. Постојано размислувам за тоа и затоа ова е најважниот натпревар во мојата кариера, изјави селекторот на Италија Џенаро Гатузо.

Италија во групата го освои второто место зад Норвешка, па затоа мора преку баражот да се бори за пласман на Светското првенство. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан