• петок, 20 февруари 2026

Втор ден од трилатералните преговори за завршување на војната во Украина

Втор ден од трилатералните преговори за завршување на војната во Украина

Женева, 18 февруари 2026 (МИА) - Во Женева денеска продолжува третата рунда преговори помеѓу Киев и Москва со посредство на САД за завршување на четиригодишната војната во Украина.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека вчера е остварен „значителен напредок“.

- Успехот на претседателот Трамп во спојување на двете завојувани страни доведе до значителен напредок и се гордееме дека работиме под негово водство за да го запреме убивањето во овој ужасен судир. Двете страни се согласија да ги информираат своите лидери и да продолжат да работат на постигнување на договор - објави Виткоф на платформата „Икс“.

Главниот украински преговарач Рустем Умеров на „Икс“ наведе дека првиот ден од преговорите бил насочен „на практични прашања и НА механизмите за можно решение“. Тој најави дека денеска ќе продолжат политичките и воените групи.

Умеров ИМ се заблагодари на „американските партнери на конструктивниот ангажман“.

Руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека вчерашните преговори се одржале во разни билатерални и трилатерални формати. Преговорите, според изворот, биле тензични и траеле шест часа. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан