Воз излета од шините поради лавина во Швајцарија, се претпоставува дека има повеќе повредени
- Воз излета од шините утрово поради лавина во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми.
Женева, 16 февруари 2026 (МИА) - Воз излета од шините утрово поради лавина во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми.
Во тек е спасувачка акција.
Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало 80-ина патници, пренесува швајцарскиот јавен сервис Ер-те-ес. рп/
Фото: МИА архива