• четврток, 25 декември 2025

Во Штип денеска и утре форумски средби за креирање на буџетот за 2026 година

Во Штип денеска и утре форумски средби за креирање на буџетот за 2026 година

Штип, 22 декември 2025 (МИА) - Општина Штип од вечерва започнува со форумските средби со преставници од урбаните заедници со цел креирање на буџетот за 2026 година. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во салата на Совет во општината граѓаните ќе може да даваат свои идеи, предлози кои понатаму ќе се анализираат, а дел од нив ќе влезат во буџетот за наредната 2026 година.

-Во изминатиот период во општината има пристигнато многу предлози и идеи кои секако ќе бидат анализирани и ќе го формираме новиот буџет, вели Јорданов.

Тој истакна дека за наредната година се очекува да се реализиираат голем дел капитални проекти во Штип, како што се обиколницата кон бањата Кежовица, доизградба на булеварот „Гоце Делчев“, паркот „Иднина“, потоа реставрација на тврдината Исар, како и на проекти кои ќе бидат од значење за граѓаните.

-Во 2026 година ќе се гради нов булевар, продолжување на постоечкиот булевар „Гоце Делчев“, обиколницата ќе биде завршена, паркот Иднина, нови катни гаражи во централното градско подрачје кои ќе придонесат за зголемување на паркинг просторот, нови сообраќајници, изјави Јорданов.

Вечерва започнуваа средбите со граѓани од урбаните заедници Славчо Стојменски, Три Чешми, Железничка, 8 Ноември, Брегалница, Баби, Тошо Арсов и Караорман. вдј/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан