• сабота, 14 март 2026

Во тек се постапки за спас на велешкото езеро „Младост“

Во тек се постапки за спас на велешкото езеро „Младост“

Велес, 19 февруари 2026 (МИА)  - Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“ од Велес подготвува техничка документација за изведба на две бушотини за дотур на свежа вода од Отовичка и Рудничка река, кои го снабдуваат езерото „Младост“ со вода.

- Овие бунари ќе бидат привремено решение за спас на велешко езеро „Младост“ со свежа вода, се додека се догради крак од  доводен цевководот од Хидросистемот езеро „Лисиче“ до велешко езеро „Младост“, а со кој езерото ќе има контунуирано дотур на свежа вода. Овој најважен капитален  проект за изградба на кракот  како и сите досега за спас на велешко езеро „Младост“ ги финансира Владата преку Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,  информира за МИА, Антоанета Стојанова, вработена во ЈПВ „Лисиче“ и претседател на  Комисија за следење на состојбата на езеро „Младост“.

Истиот крак  треба да се догради на релација село Раштани до езеро „Младост“ во должина од неколку километри. Во тек е спроведување на постапката за изведба на крак од доводен цевковод  за дотур на свежа вода од акумулацијата „Лисиче“ до велешко езеро „Младост.

За бунарите за вода покрај езерото, кои се планира да се ископаат напролет, веќе е  распишана  јавната набавка со која паралелно се спроведува и процедура за добивање согласност од Министерство за заштита на животна средина и просторно планирање.

Стојанова информира дека  во тек е подготовка на техничка документација за санирање  на испустот и вентилот на браната на езерото. За оваа активност,која е една  од повеќето со кои се прават обиди за спас на велешко езеро, се подготвуваат техничка спецификациа и тендерска документација а ќе следи и објава на јавен оглас за избор на изведувач. 

Антоанета Стојановска, на вчерашната седницата на Совет на општина Велес соопшти три предлог – иницијативи за престојниот период кои месецов на своја седница претходно  ги донесе Комисијата. Да се направи увид за да се утврди техничката исправност и функционирањето на „Мал колектор“,  кој што е дел од Колекторски систем на езерото, да се дислоцира дел од колекторот за фекална канализација од околните села кој поминува пред мотелот и хотелот од каде доаѓа до прелевање на фекален отпад и негово влевање во езерото како и да се продолжи со чистење на Отовочка река. Исто така комисијата предложи во нејзината работа освен 13 - тте членови да се вклучи и уште еден член односно   овластениот Државен инспектор за заштита на животна средина бидејќи Општина Велес нема вработено општински инспектор за заштита на животна средина.

Таа информира дека Комисијата предлага да се преземат активности за дислокација на дел од Регионалниот колектор за фекална канализација со пречистителна станица за населените места: Кумарино, Сојаклари, Отовица и Сателитската населба на езеро „Младост“ на потег пред мотелот „Бела Вода“ и хотел „Романтик“.

Што се однесува на чистење на брегот на велешко езеро „Младост“, Стојанова информира дека  досега  исчистени се  460 метри и извадени количини на отпаден материјал од коритото на Отовичка река. Воедно најави дека чистењето на крајбрежјето на езерото „Младост“  треба да продолжи и годинава како и во наредната 2027 година, со цел да се обезбеди пропустност на вода кон езерото.

Укажа и дека понатаму сите засегнати субјекти како Општина Велес, Комисијата, надлежните министерства и ЈПВ „Лисиче“ ќе  треба да се размислуваат да преземат активности и за чистење на дното на езерото „Младост“ изградено од велешани во 60-тите година на 20 век. ад/лв/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан